Фото: levica.mk

Левица: Кој го штити „Орфеј травел“?

Скандалот со туристичката агенција „Орфеј Травел“ е уште еден доказ дека во Македонија со години може неказнето да се вршат измами врз граѓаните, додека институциите молчат и не преземаат ништо, велат од политичката партија Левица во соопштение што го пренесе МИА.

Според сведоштвата на оштетените граѓани кои секојдневно пристигнуваат до Левица, станува збор за сериозен и долгогодишен модел на измама. Патници уплаќале големи суми за аранжмани и патувања кои никогаш не се реализирале, а туристи останувале буквално на улица бидејќи агенцијата не го платила нивниот хотелски престој. Голем број граѓани добивале непостоечки резервации, а по откажувањето на летовите и патувањата останувале без поврат на средствата. Сопственикот Робертино Трајковски, според оштетените, по извршените уплати прекинувал контакт, не одговарал на телефонски повици и избегнувал било каква одговорност и рефундирање на средствата. Дополнително, загрижува фактот што институциите како, Министерство за култура и туризам, Министерството за внатрешни работи, Министерство за економија, Државниот пазарен инспекторат, Основното јавно обвинителство, Туристичката комора и останатите надлежни институции со години само паушално најавуваат дека ќе преземат дејствија, додека во пракса си ја префрлаат одговорноста едни на други и не преземаат ништо конкретно. Уште пострашно е што оштетените граѓани од претседателот на Туристичката комора, Аркан Керим, добиле одговор дека „самите си се виновни“. Во меѓувреме, агенцијата продолжува да измамува граѓани и да предизвикува нови штети. Левица бара итно пронаоѓање и приведување на одговорните, целосно расчистување на сите случаи досега и проверка кој дозволил оваа агенција да продолжи да работи и покрај сите сомнежи и пријави од граѓаните. Потребно е и итно замрзнување на имотот и сметките, со цел оштетените граѓани да имаат можност за обесштетување, наведуваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот