Летно освежување: Рецепт за салата од лубеница и краставици

Фото: Olga Miltsova / Alamy / Alamy / Profimedia

Салата од лубеница и краставици е совршен оброк за летно освежување, кое може да го направите уште поинтересно со додавање кромид, фета сирење и свежи билки како нане или босилек, пишува „Пун куфер“.

Во оваа комбинација може да вметнете и домати, авокадо, маслинки или лути пиперчиња. Наместо фета, можете да ставите и топчиња моцарела.

Пред да почнете да ја правите салатата, добро изладете ги лубеницата и краставица и исечете ги на коцкички. Иако салатата може да се јаде како самостоен оброк, таа е одлична и со месо или зеленчук на скара.

Фото: Olga Miltsova / Alamy / Alamy / Profimedia

Состојки:

  • 1/2 главица кромид
  • 2 големи лимети
  • 700 гр лубеница
  • 250 гр краставици
  • 1 куп листови нане
  • 50 гр фета сирење
  • 2,3 лажици маслиново масло
  • сол, бибер

Подготовка:

Исечкајте го кромидот на тенки кришки, прелијте го со цеден сок од лимета и оставете го кромидот десетина минути за да омекне.

Краставицата и лубеницата исечкајте ги на коцки и измешајте ги со листовите нане и фета сирењето.

Извадете го кромидот од сокот и додадете го во садот со лубеницата и другите состојки.

Измешајте го маслиновото масло со преостанатиот сок од лимета и додајте сол и бибер. Прелијте ја салатата и нежно измешајте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот