Лепиња за гиро по грчки рецепт: Нема да можете да се наситите!
Летото е во полн ек, а за омилениот летен вкус на грчкото гиро, не мора да чекате да одите на летување, направете вкусни лепињи дома и ете ви вкусен ручек или вечера.
Препорачано
Лепињата во кое се става гирото е со посебен вкус, а вообичаено не мора да се јаде само со оваа комбинација – идеално е за различни јадења и сосови.
Состојки:
– 160 милилитри млеко на собна температура
– 80 милилитри вода на собна температура
– 1 лажичка шеќер
– 2 лажички квасец
– 320 грама тврдо брашно
– 1 и пол лажичка сол
– 1 лажичка мајчина душица
– 1 супена лажица маслиново масло
– бибер
Подготовка:
Во една чинија ставете млеко, вода, шеќер и квасец и мешајте додека не се соединат. Додајте брашно, сол и мајчина душица.
Мешајте додека смесата не почне да се лепи за вашите прсти. Ставете го тестото во друг сад што претходно сте го премачкале со масло, покријте го со крпа и оставете го тестото да нарасне. Тестото за 20-30 минути ќе нарасне двојно.
Исечете го тестото на шест еднакви делови, а потоа секое парче направете го во кружен облик.
Ставете маслиново масло да се грее во тава, но на тивко.
Откако ќе се загрее тавата, поставете го едното парче тесто и печете го неколку минутки (како палачинки), од двете страни.
Посолете, ставете бибер и уште малку мајчина душица.
За да ви биде уште повкусно, може да подготвите и ѕаѕики сос, а ние ви посакуваме пријатен апетит.


