ЛЕПА БРЕНА откри што е заслужно за нејзиното витко тело (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

ЛЕПА БРЕНА откри што е заслужно за нејзиното витко тело (ФОТО)

Во едно интервју таа откри на кој начин се храни во текот на летото и како ја одржува витката линија.

Лепа Брена и во 58-та година изгледа еднакво добро и витко, како и додека беше млада.

Сепак, за тоа не е заслужна добрата генетика туку фактот дека пејачката се придржува до строги режими на исхрана и постојано вежба.

Во едно интервју таа откри на кој начин се храни во текот на летото и како ја одржува витката линија.

– Навечер јадам овесни снегулки со ленено семе, како и свежи малини и капини. Тоа ми стана рутина, изјави Брена и додаде.

– Кога сме на некоја марина на која нема многу гости, земам специјална гума и после утринското кафе практикувам јога. Тоа ми дава енергија и елан. Ги исфрлив млечните производи. Тоа е начин на исхрана кој ве прави посити, а не ви е надуен стомакот и не чувствувате тежина во желудникот.

Но пејачката не крие дека ужива во храната, а особено во морските плодови.

– Преку ден или навечер јадам риба со чаша добро вино – откри таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close