Лепа Брена и нејзиниот тим направија мини концерт на Инстаграм – Погледнете, ќе запеете и вие со нив! (ВИДЕО)

Foto: Instagram, Nikola Tomić

Популарната пејачка Лепа Брена и нејзините соработници ја изведоа во живо песната „Uđi slobodno”, а пејачката видеото го објави на својот Инстаграм профил.

Балканската ѕвезда и нејзиниот тим на својата верна публика и поклонија мини концерт кој е создаден преку видео повик, додека сите тие биле во своите домови, поради пандемијата на коронавирусот.

„Ова е одлично! Не знам кога повеќе сум уживала, особено во овие денови ова толку добро доаѓа“. „Одлична Лепа Брена и нејзиниот тим!“„Браво, браво, браво. Нешто најубаво и најемотивно досега“, се само некои од коментарите.

Пејачката апелираше граѓаните да останат во своите домови и да се заштитат себе си и своите најмили.

Погледнете го видеото….

View this post on Instagram

#stayhome #stayhealthy #staysafe

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот