Ленче Ристоска: Зорица Заева е прислушувана 285 дена

Обвинителката Ленче Ристоска во завршниот збор за случајот „Таргет и Тврдина“, истакна дека има три категории на оштетени лица од масовното незаконско прислушување во УБК.

Ристоска: За жал ова не е ниту филм, ниту крими роман

-Има три категории на оштетени лица, дел биле таргети, дел биле соговорници на таргетите, а дел биле со судски налог, но биле следени и надвор од законската регулатива, истакна обвинителката Ристоска.

Таа прочита за секој од оштетените колку денови бил прислушуван, па така на пример сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева, била прислушувана 285 дена, новинарката Оливера Трајковска била прислушувана на три телефона и тоа по 400, 638 и 1.589 дена. Новинарот Васко Попетрески бил „таргет“ 954, 222 и 1.588 дена, на три телефона.

Обвинителката ги наведе и сведочењата на јавниот обвинител од Битола, Стевче Тасевски како и адвокатот Трајче Арсов, кој изјавил дека секојдневната доверлива комуникација со клиенти која била незакпнски прислушкувана му нанела голема професионална штета. Таа го спомена и Хари Костов во однос на прислушкувањето на банкарските гаранција за клиенти од банката кои сакале да аплицираат на тендери. Бизнисменот Зоре Темелковски своевремено претседател на македонско-бугарската комора изјавил дека бил сигурен дека бил предмет на следење во еден момент кога му се јавиле од МВР со насоки да не ги критикува економските политики во државата.

– Последиците од незаконското прислушкување се од огромни размери, не само за приватноста на луѓето кои биле прислушкувани туку и за последиците кои се настанати во општеството и општествените процеси, изјави денеска при завршните зборови обвинителката Ленче Ристоска.

Прислушувањето се одвивало од центарот на Скопје, по насоки на Горан Грујовски, тврди Oбвинителството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот