Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Лекот може е пет пари, ама албанскиот веќе не е

Лекот, албанската валута, продолжува да соборува рекорди во вредноста наспроти еврото. На девизниот пазар денес, еврото се откупуваше за 96,8 леки, а се продаваше за 97,8 леки. Пред само две години, едно евро се разменуваше за 127 леки.

„Тоа се должи на повеќе фактори, почнувајќи од странските инвестиции во недвижности во Албанија, па сè до менувачките операции во големи износи, што е условено од масовното присуство на странски туристи”, пишуваат медиумите.

Посилната домашна валута го поевтинува увозот од земјите кои плаќаат во евра, што е особено важно за албанската економија, силно увозно зависна од Европската унија. Од друга страна, албанските производи кои се продаваат во Европа во оваа ситуација стануваат поскапи и помалку конкурентни на тамошните пазари. На кус рок, силниот однос лек-евро може и да ја заузда инфлација, но на подолго – тој може и да ѝ штети на албанската економија

Трговците со девизи очекуваат европската валута да забележи натамошно намалување на вредноста, имајќи предвид дека сме во зенитот на летната туристичка сезона, а големиот интерес на странците за купување недвижен имот не покажува знаци на опаѓање.

“Тие што се директно оштетени се извозниците бидејќи ја продаваат стоката во евра, добивајќи помал профит”, оценуваат медиумите.

Британската фунта останува на истите нивоа, се купува за 111,8 леки, а се продава за 113,2 леки, исто како и швајцарскиот франк, кој се купува за 103,6 леки, а се продава за 104,9 леки.

Од друга страна, американскиот долар бележи умерен пораст, се купува за 84 леки, а се продава за 85,5 леки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот