Лекар објави детали за состојбата на Навални, откри на кој отров се сомневаат
„Овој случај е многу сличен со оној на Верзилов. И тој се лекуваше во „Чарите“ и на него му го спасивме животот“, вели доктор Трампуж.
Професор доктор Андреј Трампуж, словенечки лекар, специјалист по инфектологија и интерна медицина кој веќе долги години живее и работи во Берлин во болницата “Чарите“, во која вчера утро е примен на лекување рускиот опозиционер Алексеј Навални, вели дека за два до три дена ќе се знае дали се работи за труење.
„Врз основа на симптомите кои ги имаше Алексеј Навални може да се каже дека најверојатно се работи за труење слично како она што пред речиси две години го имаше Пјотр Верзилов, вториот руски опозиционер кој поради случно труење се лекуваше во болницата „Чарите“ во Берлин. Ако Навални е отруен, најверојатно би можело да се каже дека се работи за невромускуларен отров кој доведува до парализа“, рече Трампуж во разговорот за Слободна Далмација.
„Сместен е на интензивна нега во одделот на нашата болница, сé уште е во кома, но во стабилна состојба и за него се грижат најдобрите германски доктори за интензивна нега. Петчасовниот лет од Омск до Берлин помина во најдобар можен лет и немаше никакви компликации“, додаде тој.
„Овој случај е многу сличен со оној на Верзилов. И тој се лекуваше во „Чарите“ и на него му го спасивме животот. Во лекувањето на Навални се вклучени и анестезиолози, токсиколози, интернисти и интензивисти. Ако неговите внатрешни органи не се оштетени и ако не почнат да откажуваат, превенствено мислам на црниот дроб, Навални има добри изгледи за да преживее. Но ако органите почнат да му откажуваат, неговата состојба дополнително се комплицира и лекувањето станува многу неизвесно“, заклучува тој.
Инаку, медицинскиот авион во кој главниот политички противник на Кремљ, Алексеј Навални, кој е во кома поради „труење“ како што тврдат неговите соработници, слета вчера во вторникот од сибирскиот граг Омск во Германија каде што ќе се лекува.
Руската болница во која опозицискиот лидер е примен во четвртокот, веќе следниот ден го одобри неговиот превоз во Германија, велејќи дека неговата здравствена состојба е „стабилна“, откако првенствено се противеше на тоа.
Навални беше на пат од Томск, во Сибир кон Москва кога му се слошило. Авионот поради тоа присилно слета во Омск, во западен Сибир.
Таму е примен во болница, за одделението за интензивна нега каде е приклучен на апарати за вештачко дишење. Моментално е во кома.