Легендарниот Тарантино на 56 години го доби првото дете

Легендарниот режисер Квентин Тарантино вчера со својата сопруга Даниела Пик го добија првото дете, пренесува Дејли Мејл.

Тарантино на 56 години го доби првото дете, а претходно тврдеше дека тој нема време за брак, а пак за деца воопшто. Неговата сопруга Даниела се породи во Израел, во Тел Авив.

– Даниела и Квентин се среќни што можат да изјават дека го добија своето прво дете, изјави претставниот на брачниот пат. Даниела е родена во Израел, па така станува појасно зошто парот сакал детето да се роди токму таму. Името на детето се уште не е откриено.

профимедиа

Парот моментално живее во Лос Анџелес, но на крајот на минатата година тие двајца започнаа да издаваат стан во една населба во Тел Авив. Се претпоставува дека парот таму најверојатно и ќе се отсели.

профимедиа

Познатиот режисер ја запозна Даниела во 2009 година, кога го промовираше филмот „Немилосрдни гадови“. Тие се верија во јуни 2017 година, по една година врска, а се венчаа во ноември 2018 година. Ова е прв брак на Тарантино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот