Легендарниот Рони О’Саливен стигна до рекордната осма мастерс титула

Фото: Ronnie O'Sullivan/X

Легендарниот Рони О’Саливен стигна до својата рекордна осма Мастерс титула откако славеше против Али Картер на Мастерсот во Лондон.

Англичанецот имаше негатива од 3:6 во фрејмови, но сепак успеа да го надополни недостатокот и да се радува на победа со 10:7.

По мечот 48-годишниот Саливен даде и свој поглед за финалето и комплетниот турнир.

„Не знам како го освоив турнирот. Сакав да играм без притисокот и послободно. Вечерва Али не беше на своето ниво, во претходните мечеви на стартот беше подобар. Промаши неколку важни топки, а тие промашувања мене ми дадоа верба дека можам да победам“, изјави Саливен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот