Легендарниот Роберто Баџо претепан за време на натпреварот помеѓу Италија и Шпанија

Фото: EPA/ROBERTO TEDESCHI

Славниот Роберто Баџо, еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња и добитник на „Златната топка“ во 1993 година бил нападнат и претепан во неговиот дом за време на натпреварот помеѓу Италија и Шпанија.

Италијанскатап олиција објави дека во вилата на 57-годишниот Баџо влегле пет маскирани лица кои биле и вооружени. Во конфликтот Баџи им се спротиставил па бил повреден. Нешто подоцна легендата на италијанскиот фудбал бил пренесен во болница каде што морало да му се сошијат раните.

Додека го ограбувале нивнито дом од каде што однеле часовници, накит и други вредни предмети Баџо со семејството бил затворен во плакар. По заминувањето на разбојниците поранешниот фудбалер успеал да се ослободи и да повика полиција. Сторителите засега се во бегство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот