Франческо Тоти/EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Легендарниот Франческо Тоти пред враќање во Рома?

Клаудио Раниери неодамна изјави дека Франческо Тоти во блиска иднина би можел да се врати во својата сакана Рома. Легендарниот капитен на „волчицата“ го напушти клубот во 2019 година, а сега сè погласни се најавите дека неговото враќање е поблиску од кога било, иако сè уште треба да се дефинираат клучните детали, пренесува „Фудбаал Италија“.

„Знам дека семејтвото Фридкин размислуваат за тоа. Се надевам дека Франческо навистина може да ѝ биде од корист на Рома, бидејќи тој е нераскинлив дел од клубот“, изјави Раниери за „Скај Спорт“ неодамна.

Тоти ја заврши играчката кариера во 2017 година, по неверојатни 24 години во првиот тим на Рома, по што веднаш беше именуван за технички соработник. Таа функција требаше да му овозможи активно учество во секојдневното функционирање на клубот, но никогаш не беше целосно јасно кои точно беа неговите надлежности.

Поради нарушените односи со тогашното раководство, Тоти во 2019 година одлучи да си замине од клубот.

„Поднесувам оставка, но ќе се вратам порано или подоцна. Секако, со други сопственици“, изјави тој тогаш легендата на Рим.

Тоти неодамна беше забележан на стадионот „Олимпико“ за време на победата на Рома од 2:0 против Штутгарт во Лига Европа, што беше негово прво појавување на стадионот по речиси две години. Според италијанските медиуми, тој дошол токму на покана на Рајан Фридкин.

Исто така се наведува дека разговорите за негово можно враќање се во тек. Двете страни не сакаат да брзаат и настојуваат да постигнат договор за тоа како би изгледала улогата на Тоти во клубот. Сопствениците на Рома го гледаат Тоти како клучна симболична фигура, во претставничка или амбасадорска улога.

Од друга страна, самиот Тоти е повеќе наклонет кон оперативна функција, со подиректно вклучување во спортскиот сегмент – позиција некаде помеѓу спортски директор и првиот тим. Токму овие детали сè уште се предмет на усогласување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот