Легендарната Софија Лорен наполни 86 години: Феноменална и во деветтата деценија од животот (ФОТО)

Софија Лорен е една од најголемите диви на 20 век. Секогаш насмеана и енергична таа е феноменална и во деветтата деценија од животот.

Instagram
Profimedia

Најпознатата „секси сирена“ на златното доба на Холивуд, Софија Лорен, својата кариера ја започнала во 1950 година, кога имала само 16 години.

Profimedia

Детството го поминала со нејзината мајка борејќи се да врзат крај со крај. За време на Втората светска војна Софија заедно со мајка ѝ и баба ѝ отворила кафеана во која ги послужувале американските војници со домашен ликер од вишни, а многу зли јазици зборувале дека освен алкохолот го продавала и своето тело.

Profimedia

По потпишување на договорот за снимање на пет филмови за „Парамоунт“, нејзината интернационална кариера била лансирана. Иако публиката ја обожавала, тоа било припишувано на нејзината сексуалност и на заводливиот изглед што го карактеризирале нејзините раскошни облини, а не на талентот за глума.

Прочитајте и...  Ова се можни последици од прекумерна консумација на солена храна!
Profimedia

По успешните улоги и номинациите за Оскар, Софија станала првата ѕвезда која лансирала сопствена линија на парфеми. Парфемот што го носел нејзиното име, „Софија“ станал интернационален хит, а подоцна глумицата лансирала и линија на очила за сонце.

Денес Софија Лорен се смета за една од 25-те најголеми ѕвезди на Холивуд.

Profimedia

Во 1982 година дошло до голем скандал бидејќи се прочуло дека глумицата завршила на 18 дена во затвор. Наводно Софија во Италија избегнувала редовно да ги плаќа даноците и не ги пријавувала своите приходи и имотот. Сепак, на крај била ослободена поради недостаток на докази, иако сите обвиненија конечно биле отфрлени дури во 2013 година.

Легендарната улога на Алексис Карингтон од „Династија“ првично ѝ била понудена на Софија Лорен, но таа ја одбила бидејќи сакала да им се посвети на своите синови.

Прочитајте и...  Адел ги остави без здив фановите со нејзиниот неверојатно тесен струк: Пејачката се пошегува на своја сметка! (ВИДЕО)

Убавата Софија скршила многу машки срца.

Питер Селерс ја оставил својата сопруга поради залуденоста по Софија, а таа на крај сепак го одбила.

Софија имала афера со колегата Кери Грант, кој намерно организирал улогата во филмот “Houseboat” да ѝ припадне токму на Софија. Иако две години уживале во страсната романса, се разделиле огорчени од врската и останале во трајно лоши односи. Наводно Грант сакал да се смири со својата љубовница, но Софија му пратила јасна порака кога се омажила за Карло Понти.

Profimedia

За Понти се омажила во 1957 година, кога тој уште законски не бил разведен. Поради тоа се венчале во Мексико и успеале да прикриваат дека Понти службено имал две сопруги до 1962 година, кога судот ги приморал да го поништат бракот. Тие продолжиле да живеат заедно, а кога Понти конечно се развел, повторно се оженил со заносната Италијанка.

Прочитајте и...  Откажана свадбата на Бруклин Бекам и Никола Пелц

Интересот на јавноста за нејзините разголени фотографии бил голем, а во 1999 година Софија подигнала тужба против 79 страници за филмови за возрасни поради објавување на нејзините фотографии.

Италијанската дива до денес не престанува да ја фасцинира јавноста.

Profimedia
Profimedia

Поврзани вести

ВИДЕО: Звучи како љубовна песна, но инспирирана е од хорор сцени од концентрационен логор: Морничавата позадина на легендарниот хит

Слободен печат

Погледнете го новиот спот на Аријана Гранде кој крена прашина околу изборите: Жената не е само за во кујна претседателе! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Ноќ на чиста магија: Што им носи Сината Месечина на хороскопските знаци?

Слободен Печат

Откажана свадбата на Бруклин Бекам и Никола Пелц

Слободен Печат

Ова се можни последици од прекумерна консумација на солена храна!

Слободен Печат

Во зависност од преливот и салатата може да биде нездрава храна

Слободен печат

Остави Коментар