ФОТО | Легендарната „Чехинка“ од „Американска пита“ го замени холивудскиот гламур со африканската дивина
Шенон Елизабет беше една од најпопуларните ѕвезди на почетокот на 2000 година. Важеше за таканаречена „ит-девојка“, а најмногу се прослави со улогите во „Американска пита“ и „Страшен филм“. Сепак, црвениот тепих и Холивуд не ја задржаа долго, таа се пресели во африканската дивина откако се откажа од купување имот вреден 3,9 милиони долари, пренесе претходно „Фокс њуз“.
Препорачано

52-годишната актерка го замени својот живот во Лос Анџелес со засолниште од 930 хектари во Јужна Африка. Својот дом во Лос Фелиз го продаде во 2014 година за 2,8 милиони долари, откако првично го купила во 2001 година за 1,4 милиони. Две години подоцна се преселила во Африка, а денес живее во Кејп Таун, каде што раководи со својата добротворна организација, Фондацијата „Шенон Елизабет“.
Минатата година, како што пишува „Пипл“, актерката откри дека се преселила за да се фокусира целосно на својата организација.
„Градиме засолниште. Се грижиме за слеп црн носорог и ќе донесеме уште носорози штом успееме да ја прошириме територијата“, изјавила таа.

Претходно објасни дека го пренасочила фокусот од спасување домашни миленици кон глобална заштита на природата. „Сфатив дека сакам да им помогнам на повеќе животни, на повисоко ниво. Почнав да истражувам што значи тоа и сфатив дека во други делови од светот се случува сериозна криза со криволовот“, објаснила таа.
Токму таа кауза ја поврзала и со нејзиниот сегашен сопруг, Сајмон Борхерт, активист за заштита на природата од Кејп Таун. Тие живеат и работат заедно од дома за да ги намалат трошоците на фондацијата. Иако се занимава со собирање средства и организациски обврски, таа вели дека најсреќна е на терен:
„Кога одиме во нашето засолниште, кампуваме, спиеме во шатори и стануваме со изгрејсонце“.
Таа додаде и дека животот таму е сосема поинаков:
„Една од работите што ги сфатив е дека тука немате сè при рака. Нема активен Амазон од кој можете едноставно да нарачате што било. Станав како Макгајвер кога станува збор за снаоѓање.“
Нејзиното богатство денес се проценува на околу 7,5 милиони долари. Иако темелите ги постави со актерската кариера, таа дополнително заработуваше и како професионална покер-играчка од светска класа, со повеќе од 200 илјади долари добивки на турнири во живо, според податоците на „Покер њуз“.


