Лечиќ проговори по осум месеци: Не ја ни допрев, ме намести! Даниела: Не можеш да ме тужиш бидејќи ме силуваше!

Откако српскиот актер Бранислав Лечиќ по осум месеци молк проговори за обвинувањата за силување на Даниела Штајнфелд, актерката се огласи и повторно изнесе тврдења дека Лечиќ ја силувал.

Уште една жртва: Бранислав Лечиќ пред 43 години ја силувал актерката Мерима Исаковиќ кога имала 18 години

Имено, Вишото јавно обвинителство во Белград го одби случајот во кој Даниела го обвини Лечиќ за силување, а Апелационото обвинителство го одби приговорот на нејзините адвокати. По емисијата во која Лечиќ гостуваше и зборуваше на оваа тема, Даниела се огласи на Твитер.

„Не можеш да ме тужиш бидејќи знаеш дека ќе изгубиш. Затоа што ме силуваше. Многу докази беа занемарени и дискредитирани од обвинителството. Зошто требаше сега да лажеш, претпоставувам од желба Србија да ја слушне целата снимка? Ќе ти се исполни желбата“, напиша актерката.

Да потсетиме, Лечиќ тврди дека, како што рекол, не ја допрел Даниела и дека поради нејзините обвинувања му била нанесена огромна штета.

– Сега сѐ е јасно и чисто пред законот, но јас лично претрпев голема штета. Ме интересира кои се механизмите за да ја намалам штетата настаната по обвинувањата и написите во одредени медиуми – рекол Лечиќ, а во врска со самото обвинение и  текот на истрагата, актерот нагласил:

– Никој не ме извести што кажала во обвинението и јас дадов исказ. Тоа го дознав дури од документите и извештајот кога тие собраа сѐ и тоа го видов од извештајот и од моите адвокати дека ме обвинила за ден и датум кога сум бил зафатен. Таа не ме обвинила дека сум ја силувал некогаш и некаде, туку точно кога и каде и датум на место и време, и во самиот старт тоа беше невозможно – изјавил Лечиќ.

На прашањето како мисли дека луѓето ќе го гледаат во иднина, актерот одговорил:

– Секако, луѓето можеа да поверуваат врз основа на онаа монтирана снимка дека тука нешто се случило. Дури во март дојдов јас на ред, кога таа пушти вистински глас и го впери прстот во мене. Природно е гледачите да поверуваат во таа приказна, дури и јас можеби би поверувал во неа. Имаше разни приказни, од тоа дали можеби сум преминал некоја граница, дали имало секс, па таа се покаја, јас не ја ни допрев. Освен разговорот кој содржеше сексуални елементи, но веќе ви кажав како дошло до тоа – рекол Лечиќ.

Во врска снимениот телефонски разговор којшто Даниела Штајнфелд го приложила како доказ, Лечиќ рекол:

– Не беше приватен разговор, туку беше поврзан со формирањето и создавањето материјал за филмот. Тоа често се применува во актерството. Дури и да беше приватен разговор, таа мене не ме тужеше за несоодветен говор поврзан со сексуален однос, туку ме обвини за силување, тоа е голема разлика. Обвинителот рече дека во разговорот имало несоодветна обраќање, но дека нема ништо што укажува на тоа дека меѓу нас дошло до однос, а камоли до силување – изјави актерот на српската телевизија „Курир“.

„Откако ме силуваше, посака да му пеам, и пеев, а жена му го бараше на телефон цело време“: Даниела Штајнфелд со нови потресни детали по обвинението против Лечиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот