Леброн Џејмс купува тим од женската НБА лига?
Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс е заинтересиран да го купи женскиот ВНБА тим на Атланта дрим.
Екипата на Атланта Дрим е во сопственост на довчерашниот републикански сенатор Кели Лефлер која иако не сака да го продаде тимот, се наоѓа под голем притисок од страна на кошаркарките во женската ВНБА лига.
Препорачано
Проблемите на релација Лефлер – кошаркарки започнаа во моментите кога сега веќе поранешнатасенаторка остро ја критикуваше кампањата во НБА лигата „Black Lives Matter“ со која кошаркарите, НБА екипите и челниците на лигата со која им дадоа поддршка на афроамериканците кои протестираа против полициската бруталност и расната нееднаквост во САД.
Think I’m gone put together an ownership group for the The Dream. Whose in? #BlackVotesMatter✊? pic.twitter.com/9wclgdED2w
— LeBron James (@KingJames) January 6, 2021
Потегот на Лефлер наиде на остра реакција на кошаркарките на Атланта кои започнаа да носат маички со натпис „Гласајте за Ворнок“ кој беше противкандидат во трката за сенатор.
Џејмс ја поддржа оваа акција со слоганот „Повеќе од глас“ со кој сакаше да ги мотивира луѓето во што поголем број да излезат на изборите и да гласаат.
На изборите победи Ворнок, а Леброн Џејмс веднаш се јави на социјалните мрежи и изрази желба да го купи тимот на Атланта Дрим.


