Лажниот доктор од Вевчани ќе одговара за измама и надрилекарство

Фото: ТВ Алфа / принтскрин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.К.(33) од струшкото село Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“, „измама“ и „надрилекарство“.

Се работи за вевчанецот кој со години работел како лекар во здравствениот дом во селото и дури бил поставен за началник, иако не завршил медицински факултет, односно немал лекарска диплома.

Како што информираат од МВР, пријавениот изготвил три лажни исправи: уверение за положени испити при Факултет за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев”- Штип, лиценца издадена од Лекарска Комора на РСМ и уверение од Лекарската комора и ги употребил за вработување на работно место лекар во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани.

-Делото го сторил во два наврати и кога за првпат аплицирал за работа на јавен оглас од 05.09.2016 година, но не бил селектиран како кандидат за вработување и со аплицирањето од 04.10.2018 година, кога бил селектиран и вработен со Договор за вработување од 26.11.2018 година со одлука на Директорот на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани. Пријавениот, по основ на договорот за вработување во периодот од 26.11.2018 до 19.10.2022 и претходно од 03.10.2016 до 26.11.2018, со склучени договори за дело, обавувал работни задачи на работно место – доктор на медицина, со што го нарушил угледот на болницата и ги оштетил буџетот на болницата и буџетот на РСМ, а за себе прибавил материјална корист во износ од околу 3.507.208 денари, се вели во соопштението од МВР.

Лекар со лажна диплома шест години ги лечел вевчанци?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот