Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром

Меѓународен аеродром Скопје. / Фото: Слободен печат

Меѓународниот Аеродром Скопје денеска преку електронска пошта доби закана за поставена експлозивна направа и случајот веднаш го пријавивме во Министерството за внатрешни работи. Единици на МВР веднаш ги презедоа сите неопходни мерки и проверки, и утврдија дека заканата е лажна, информираат од ТАВ Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се завршени и проверките во училиштата, при што утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави со закани од десет училишта и аеродромот во Скопје, како и четири во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се вели во соопштението од МВР.

Продолжуваат дојавите за бомби, утрово упатена е закана во десет училишта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот