ФОТО | Ви личи на Канје Вест? Ова е вистината зад виралниот 3Д модел на Манса Муса
На социјалните мрежи деновиве вирално се прошири фотографија од наводен тридимензионален модел на Манса Муса, кој по изглед потсетува на американскиот рапер Канје Вест.
Препорачано
Во објавите се тврдеше дека моделот бил изработен од научници од универзитетот Харвард, врз основа на средновековни историски описи, по што содржината брзо стана вирална и беше преземена од повеќе профили и медиуми.
Сепак, испадна дека информацијата е неточна. Универзитетот Харвард нема објавено тридимензионална реконструкција на Манса Муса, ниту пак постојат научно потврдени визуелни модели за неговиот реален изглед. Фотографијата потекнува од профилот @jammable на платформата Икс, кој во своето објаснување наведува дека објавува сатирични и пародични содржини, наменети исклучиво за забава, а не за фактичко информирање.

За оние кои не знаат, Манса Муса (околу 1280–1337), бил деветти владетел на Малиското Царство, една од најмоќните исламски држави во Западна Африка во 14. век.
Во историските извори често се споменува како најбогатиот човек во историјата, иако неговото богатство не може прецизно да се измери. Некои современи проценки симболично го изразуваат како еквивалент на околу 400 милијарди долари. Неговата моќ и богатство произлегувале од контролата врз трговијата со злато и сол, како и од даноците на клучните трговски центри.
За жал, особено за оние кои го сакаат Канје Вест, виралната тридимензионална слика не претставува историски точна или научно заснована реконструкција на Манса Муса, туку е само уште сатирична објава на социјалните мрежи.
Канје Вест ќе биде веднаш уапсен ако спомне нацистички коментари на претстојниот концерт во Бразил


