Лажен пожарникар-доброволец подметнал седум пожари во Австралија

Фото: Darren England/ EPA

Млад австралиски пожарникар-доброволец денес е обвинет дека подметнал седум пожари пред да им се придружи на колегите во борбата против огнената стихија, пренесуваат австралиските медиуми.

Властите го обвинија ова 19-годишно момче дека предизвикал седум пожари на југот во сојузната држава Нов Јужен Велс.

Оваа сојузна држава имаше најсериозни проблеми поради шумските пожари кои беснееја по австралискиот брег од средината на октомври до средината на овој месец.

Неименуваниот доброволец вчера е забележан во автомобил, недалеку од местото кадешто потоа е пријавен пожар.

– Полицијата пред судот ќе тврди дека тој човек го запалил огнот и потоа го напуштил подрачјето, за потоа да се врати како пожарникар-доброволец – наведе полицијата преку соопштение.

Момчето набрзо потоа е уапсено и обвинето за подметнување на пожари и небрежност и отпуштено од пожарникарската служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот