Лажел дека има коронавирус – пилотот принудно слетал

Илустрација - ФОТО: EPA

Откако авионот слетал, 29-годишникот бил прегледан од лекари, кои заклучиле дека не е заразен.

Канадски државјанин на лет од Торонто за Јамајка лажел дека е заразен од коронавирус и го присилил авионот да се врати на аеродром, каде што е уапсен.

Инцидентот се случил вчера, а во леталото Боинг 767 имало 243 патници.

-Мажот предизвика паника откако кажа дека бил во Кина и оти има коронавирус, изјави портпаролката на локалната полиција.

Снимал селфи и викал дека е заразен.

Откако авионот слетал, 29-годишникот бил прегледан од лекари, кои заклучиле дека не е заразен. По проверката, лицето веднаш било уапсено.

Пилотот ги известил патниците дека алармот можеби е лажен, но оти мора да се врати во Торонто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот