Лавров во Сараево со поддршка за Дејтонскиот договор: Народите во БиХ треба сами да одлучат

Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY / HANDOUT MANDATORY CREDIT / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров по средбата со министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, ја повтори поддршката на Русија на Дејтонскиот договор истакнувајќи оти народите во БиХ треба сами да одлучат.

– Русија смета дека канцеларијата на Високиот претставник треба да се затвори, посочи Лавров.

Поради таквиот став на Русија, двајца други членови на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ ја бојкотираа средбата со Лавров.

Лавров на средбата со Турковиќ истакна дека е неопходно усогласување на проектите и на договорите што се однесуваат на инвестициите и странските вложувања, културната соработка и друго.

– Се договоривме да ја подобриме нашата трговска размена, што е забавена поради коронавирусот. Мислиме дека е неопходно и потребно посилно да работиме во рамките на Комисијата за трговија и економска соработка. Многу ни е мило дека во БиХ функционираат нашите проекти, како „Газпром”, „Сбербанк”, посочи Лавров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот