Фото: Профимедиа

Лавров: САД играат „многу опасна игра” со сириските Курди

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги обвини САД дека играат „многу опасна игра” со сириските Курди, чии борци беа главни американски сојузници во војната против Исламската држава во Сирија.

Лавров, кој е во посета на Казахстан, истакна дека САД првично поддржале „квази држава” на сириските Курди во североисточниот дел на Сирија, а сега им ја откажуваат поддршката.

– Таква безобразна позиција за ова крајно чувствително прашање може да го запали целиот регион, а тоа мора да го избегнеме по секоја цена – посочи Лавров.

Тој ги повика Дамаск и сириските Курди на дијалог, додавајќи оти мора да се сочува територијалниот интегритет на Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот