Лавров пристигна во Турција, Украина и Сирија теми на разговор со Чавушоглу

Лавров и Чавушоглу во Анкара/Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN MINISTRY PRESS SERVICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу денеска во Анкара има средба со рускиот колега Сергеј Лавров, јави Анадолија.

Планирано е да се разговара за билатералните односи, како и ситуацијата во Украина и во Сирија.

„Продолжуваат интензивните разговори на високо ниво. Претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот (на Република Туркије) Реџеп Таип Ердоган, разговараа телефонски деветпати годинава”, се наведува во соопштение на руското Министерство за надворешни работи.

Во документот се истакнува дека продолжуваат и контактите меѓу руските и турските министерства и институции.

„Министрите ќе разговараат и за ситуацијата во Украина, Јужен Кавказ, Блискиот Исток, Северна Африка, Централна Азија и за Црно Море. Двајцата министри ќе разговараат и за моменталната ситуација за време на кризата во Украина и ќе разменат мислења за можноста повторно да се почне со мировни преговори меѓу Русија и Украина”, пишува во соопштението.

Ќе се разговара и за ситуацијата во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот