Лавров од Скопје порача дека поделбите на континентот ја поткопуваат безбедноста што ја креира ОБСЕ
Според Лавров сегашните случувања го доведуваат во прашање и функционирањето на ОБСЕ како форум за објективно решавање на глобалните проблеми и го поткопуваат принципот на еднкави права на сите учесници.
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска се обрати на 30. Министерски состанок на ОБСЕ, што се одржува во Скопје. Лавров порача дека тоа што во моментов се случува во Организацијата не е вистинскиот начин на кој треба да се третираат европските бебедносни прашања. Веднаш по завршување на долгиот говор, шефот на руската дипломатија ја напушти салата во која се одржува состанокот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Неговото обраќање беше бојкотиранo од дел од делегациите, вклучувајќи ја и украинската, кои станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, го најави обраќањето на шефот на руската дипломатија.
Лавров пред учесниците на Министерскиот совет истакна дека западните престолнини постапуваат така што го поткопуваат работењето на ОБСЕ.
-Поделбите на континентот ја поткопуваат безбедноста што ја креира ОБСЕ и доблесната идеја на која почива процесот од Хелсинки, рече Лавров.
Тој изјави дека традицонално овие состаноци завршуваат со позитивни и охрабрувачки пораки, но според него во моментов нема простор за оптимизам. ОБСЕ, според рускиот министер за надворешни работи е претворен во Огранизација, која им служи на интересите на НАТО и ЕУ и се поставува прашањето дали е мудро истата да биде витализирана.
Според Лавров сегашните случувања го доведуваат во прашање и функционирањето на ОБСЕ како форум за објективно решавање на глобалните проблеми и го поткопуваат принципот на еднкави права на сите учесници.
Во долгиот говор на Министерскиот состанок Лавров рече дека сега има повеќе прашања, отколку одговори, како и дека во моментов на глобално ниво не постои баланс на интересите, но напомена дека во меѓувреме животот не запира.
Тој се осврна на повеќе случувања во минатото, нагласувајќи дека земјите од НАТО и ЕУ ја уништиле воено-политичката димензија на ОБСЕ. Истакна дека во 1999 година, НАТО извршил брутална агресија врз Југославија, членка на ОБСЕ, а го спомена и како што рече одземањето на Косово од Србија и кршењето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединети нации.
-Во тој поглед, со жалење можеме да кажеме дека ОБСЕ ја дочекува оваа годишнина во жална состојба, а нејзините перспективи се нејасни, рече рускиот министер, освнувајќи се на 50 годишнината од Организација.
Лавров говореше и за останатите прашања кои ја засегаат Русија, а за кои кажа дека се поттикнати од западната политика, Грузија, Јужна Осетија, Приднесторовие, Молдавија, Донбас, Украина, а ги спомена и санкциите на кои Западот ги воведе кон Русија, кои ги означи како обид да ја урнат руската економија.
Според Лавров, Молдавија е следната жртва во хибридната војна на Западот против Русија.
Лавров на маргините на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје имаше билатерални средби со шефовите на дипломатиите на Еремнија и на Унгарија, Арарат Мирзојан и Петер Сијаро. Сергеј Лавров имаше и попатна средба со шефот на австриската дипломатија, Алекандер Шаленберг.
Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русиjа Мариjа Захарова на социјалната мрежа Телеграм објави дека на масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ има јасна манифестација на она за што зборувал Сергеј Лавров во својот говор: под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивната идеологија на НАТО.
Следете ги ВО ЖИВО најновите настани и изјави од Министерскиот совет на ОБСЕ:


