Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Лавров: Дојде време за разговор со САД за идните економски врски

Лавров, исто така, рече дека НАТО „не е во најдобра состојба“, но дека Русија нема да се меша во внатрешните работи на Алијансата.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави на самитот во Анталија,, Турција дека е дојдено време за разговор со САД за тоа како Вашингтон ги гледа идните економски врски со Русија, но дека разликите меѓу двете земји остануваат, пренесува Ројтерс.

Лавров, исто така, рече дека НАТО „не е во најдобра состојба“, но дека Русија нема да се меша во внатрешните работи на Алијансата.

Русија ја направи обновената економска соработка со САД клучен дел од нејзината иницијатива за дипломатско смирување на тензиите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот