Латас и Лазаров влегуваат во судница

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, кои се обвинети за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Латас во емисијата на Лазаров пред околу еден месец раскажа дека тој и неколку другари на 15 годишна возраст злоставувале и силувале девојка. Додека Лазаров, свесен за влијанието што го има содржината што ја емтиува, особено кај младите, не го спречи соговорникот, туку го наведува со коментари и прашања да го раскаже спорниот настан.

„Навистина ја претеравте“ – мајката на јутјуберот Лазаров ја искина партиската книшка од СДСМ

На Латас, Кривичниот суд му одреди превентивна мерка заради присуство, односно привремено одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал, додека на Лазаров му одреди мерка претпазливост за забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

Дополнително, јутјуберот Лазаров утрово на социјалните мрежи им порача на своите следбеници да не читаат лажни информации од медиумите за судскиот процес. Што и да се случи на судењето, тој вели дека сам ќе извести за тоа на Инстаграм.

Латас остана без пасош, а заедно со јутјуберот Лазаров добија забрана за јавен настап

Според Кривичниот Законик, тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот