Латас остана без пасош, а заедно со јутјуберот Лазаров добија забрана за јавен настап

По обвинителен предлог на Основното јавно обвинителство, Основниот кривичен суд Скопје оформи предмет постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпразливост против новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров за ширење на расистички и ксенофобичен материјал.

На обвинетиот Драган Павловиќ-Латас му се определува превентивна мерка за привремено одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно Забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

На обвинетиот Стефан Лазаров, му се определува мерка претпазливост за забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

Основниот кривичен суд Скопје информира дека против ова решение обвинетиет имаат право на жалба во рок од три дена по приемот до Апелациониот суд Скопје.

Латас, гостувајќи во интервју како поткаст на Јутјуб каналот на Лазаров, објавено на 14 февруари, говореше за неговото сексуално искуство во тинејџерските денови со девојка притоа промовирајќи насилничко однесување. Интервјуто покрена низа реакции во јавноста, а Основното јавно обвинителство оформи предмет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот