Фото: Лајка, Фејсбук

„Лајка“: Ликови добро познати на полицијата организираат борби со кучиња на излезот од Охрид

Иницијативата за заштита на животните, „Лајка“ апелира дека во околината на Охрид, на излезот кон Струга, на јавна површина е направен ринг за борби со кучиња.

Ликови, добро познати и на полицијата, си организираат борби и мува не ги лази (заради наша безбедност моравме да ги цензурираме лицата). Со пехари, со присуство на лица од други градови и држави (претходно во кампот Андон Дуков се организираа, и ширум други струшки и тетовски села), со цела организираност која е апла воочлива и за полицијата која со години никого не санкционирала (од наши извори дознавме дека еднаш и била набркана кога по пријава отишле на сред една ваква борба полна крвопролевање на недолжни битија) – пишуваат од „Лајка“.

Тие велат дека е недозволиво законите да не важат за вакви дела.

Кутри животинчиња, недолжно измачувани и злоупотребувани заради нечии психички и душевни изместувања. Од овие зла, подлога се создава и за зла учинувани и врз луѓе, тешко таа држава која таа вистина не умее или не сака да ја воочи – додаваат од „Лајка“.

Со реакција се јави и Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“. Тие велат дека низ годините биле сведоци на илјадници вакви громорозни слики, настани каде што несреќните животни го изгубиле својот живот давејќи се во сопствената крв додека група неандерталци, луѓе што го изгубиле основното чувство што ги прави луѓе – емпатија, заработуваат на нивниот победник.

Дел од кучињата кои овие злосторници ги користат и не се “квалификуваат” за умоболните дејствија на кои се приморувани или завршуваат на улица или се немилосрдно убиени од страна на нивните сопственици. Секоја наша, секоја пријава на граѓаните за ваков тип на кривично дело НИКОГАШ не вродила со резултат, никогаш никој не бил фатен, никогаш никој не бил казнет – додаваат од „Анима Мунди“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот