Сузана Спасовска/Фото: Приватна архива

„Лага е“: Сузана Спасовска се огласи лута откако доживеа измама

Сузана Спасовска се огласи лута поради измама која е направена против неа на социјалните мрежи.

Легендарната фолк пејачка ја испрати оваа порака до сите кои ја следат: „Не нарачувајте!!!“.

„Драги и почитувани пријатели на Фејсбук! Секојдневно ми пристигнуваат прашања за некои таблети кои се рекламираат преку реклами создадени од вештачка интелигенција, па сакам да ви кажам дека никого и ништо не рекламирам. Сите реклами кои ќе ги видите со мојот лик и моето име и презиме се лага“, сподели Сузана Спасовска.


За својот живот и кариера, пејачката зборуваше во едно интервју за „Слободен печат“.

„И покрај тоа што сум од едно друго време, од минатиот век, каде што сѐ функционираше на сосема друг начин, смелоста ја сметам за важен фактор за напредување во кариерата. Кога носите нови работи, има од една страна негодување, а од друга прифаќање. Тоа треба да се издржи и да се чекори напред, без потклекнувања и откажувања. Секогаш сум ја гледала сцената како нешто поразлично од секојдневниот живот, нешто како театарска сцена, каде и јас се трансформирам во една поинаква личност од таа во секојдневниот живот. Оригиналноста, шареноликоста во сценските костими, уникатноста во настапот и изразот на сцената, од која било дистанца, и тогаш и сега, ја гледам како многу потребна и неминовна, бидејќи само така ќе се издвоите од стадото и ќе бидете интересни и долготрајни“, изјави пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот