Реал Мадрид - Барселонан/EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Ла Лига ќе плаќа по 50 евра од натпревар на секој кој ќе пријави нелегален пренос

Шпанската Ла Лига ја заострува борбата против аудиовизуелната измама и пиратеријата, нудејќи надомест од 50 евра за секоја потврдена дојава за објекти кои емитуваат натпревари без соодветна дозвола.

Кафулињата, рестораните, обложувалниците и сличните локали се обврзани да поседуваат специјален претплатнички пакет за јавно прикажување на натпреварите. Од Ла Лига информираат дека легалните преноси имаат јасна ознака, буква во аголот на екранот, што им овозможува на навивачите лесно да препознаат дали сигналот е дозволен или нелегален.

Доколку некој забележи дека одреден објект прикажува нерегистриран или неовластен пренос, може да испрати електронска порака до Ла Лига со фотографии или видео-снимки, со цел случајот да биде дополнително проверен.

Лигата исто така посочува дека постои и посебен канал преку кој навивачите можат анонимно да пријават нелегални преноси.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот