Квентитн Тарантино - Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Квентин Тарантино му се враќа на актерството: Ова е неговата најголема улога во изминатите 30 години

Квентин Тарантино официјално му се враќа во актерството, и тоа во својата најголема улога во скоро три децении. Иако славниот режисер и двоен Оскаровец имал бројни помали улоги во своите филмови низ годините, вклучувајќи го својот режиски дебитантски филм „Касапски кучиња“ (1992), неговата последна поголема улога беше во култниот филм „Од самрак до зори“ од 1996 година, кој го режираше неговиот близок пријател Роберт Родригез.

Тарантино ќе глуми во претстојниот филм на Џејми Адамс, „Само она што носиме“, заедно со Сајмон Пег, Шарлот Генсбур, Софија Бутела, Лијам Хелман и Лизи Мекалпин, пишува „Скрин Рант“.

Филмот е сниман во францускиот град Деовил за шест дена кон крајот на септември, со минимален буџет, а поголемиот дел од сцените се изведени преку импровизација на актерите.

Медитација за љубовта и загубата

„Само она што носиме“ ќе има наративен пристап сличен на претходните филмови на Адамс, како што се „Таа е љубов“ и „Пита од див мед“, инспирирани од делата на Ерик Ромер и Хонг Санг-су. Овој експериментален филм, сместен покрај ветровитите брегови на Нормандија, е опишан како „медитација за љубовта, загубата и тивката храброст потребна за да продолжиме понатаму“.

Во центарот на приказната е Џулијан Џонс (Пег), некогаш реномиран инструктор чија поранешна ученичка, Шарлот Леван (Бутела), се враќа дома за да се соочи со духовите од минатото. Квентин Тарантино го толкува ликот на Џон Перси, стар пријател на Џулијан чие ненадејно доаѓање буди долго потиснати вистини.

Шарлот Генсбур ја игра Жозефин Шаброл, заштитнички настроена сестра на Шарлот, Лијам Хелман е Винсент, немирен уметник раздерен помеѓу љубовта и лојалноста, додека Лизи Мекалпин дебитира како Жаклин, млада танчарка чијашто присутност ги тера сите ликови да се соочат со товарот на она што го оставиле зад себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот