Курто Дудуш под истрага на МВР

мвр зграда
Принтскрин

МВР ќе го преземе случајот со снимката на која наводно се слуша гласот на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, во која машко лице се расправа и физички се пресметува со друго лице.

Реакции веќе пристигнаа од партиите, а обвинителството нема отворено предмет.

Од партијата СДСМ го осудија насилството и побараа одговорност доколку тоа се докаже.

„Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста. Моралните аспекти и личната совест, како и човечкиот интегритет се вредости кои подразбираат и одговорно однесување и делување. Одговорност мора да има, законите важат за сите подеднакво“, велат од СДСМ.

Од опозицијата го нападнаа премиерот Зоран Заев и го нарекоа поддржувач на насилство. Курто Дудуш претходно за порталот Фокус демантираше дека тој е на снимката и дека воопшто малтретирал човек, велејќи дека снимката е монтирана од политички причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот