Курц меѓу најкорумпираните политичари во 2021 година

Австрискиот канцелар Себастијан Курц си поднесе оставка/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Организацијата „Проектот за организиран криминал и корупција“ (OC CRP) го рангираше поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц меѓу петте најкорумпирани политичари во 2021 година.

Прв на листата е белорускиот претседател Александар Лукашенко, потоа поранешниот авганистански претседател Ашраф Гани, сирискиот претседател Башар ал Асад, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и потоа Курц.

Реџеп Таип Ердоган / Фото: EPA-EFE/VLADIMIR SMIRNOV/ SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Курц беше рангиран меѓу првите пет најкорумпирани политичари во светот од 1.167 „номинирани“.

Комисија составена од шест новинари и научници кои се занимаваат со корупција и известуваат за неа, и покрај рекордниот број „номинирани“ лидери, за прв пат по една деценија едногласно го избра Лукашенко.

Лукашенко
Лукашенко

Кога станува збор за Курц, ОЦ ЦРП направи грешка, бидејќи на веб-страницата го претстави поранешниот канцелар како лидер на десничарската Партија на слободата на Австрија, чии водечки членови „паднаа“ поради аферата „Ибица“.

Курц поднесе оставка од функцијата канцелар на 9 октомври и се повлече од политиката во декември, откако беше покрената истрага против него и неговите девет соработници за корупција и проневера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот