Куомо и покрај бурата заминува од функцијата

Куомо фото МИА

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо потврди дека утре ја напушта функцијата, но ги повика членовите на неговиот тим за управување со вонредни ситуации да останат на работните места се додека не помине кризата со тропската бура Хенри.

Тој изјави дека е во постојана комуникација со неговата заменичка Кејти Хочул.

Куомо претходно поднесе остака поради повеќе обвиненија за сексуално возменирување.

На негово место доаѓа 62-годишната Хочул, демократ и поранешна членка на Конгресот во Бафало. Таа ќе биде 57. гувернерка на државата Њујорк и прва жена на таа функција.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот