Кумот и здравичарот на Бадник 2020 ќе се сретнат со скопјани

Средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2020 по 28 пат ќе се одржи денеска во организација на Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

Средбата ќе се одржи во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно, точно напладне, кога ќе започне симболичното сечење на бадниковото гранче. Први тоа ќе го направат кумот и здравичарот – Антони Пешев и Климе Коробар,потоа минатогодишниот кум и здравичарот- Љупче Николовски и Миливое Алексиевски, а потоа градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и членови на естрадата.

Локацијата, како што велат организаторите лесно се наоѓа, крстосницата на патот за Езерото Козјак и ХЕЦ Матка-Света Петка, а до неа најлесно се стасува кога ќе се скршне десно од патот за Драчево кон Батинци, кај мостот на Маркова Река. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот