Кумановските судии донираа 240.000 денари за справување со Ковид-19

Фото: Профимедиа

Претседателката на кумановскиот суд Снежана Манев информираше дека од 23 судии до денеска донирале 17 судии кои доставиле докази за уплата во солидарните фондови од нивната априлска плата.

Две третини од кумановските судии од Основниот Суд Куманово донираа на сметките на Министерството за здравство. Како што информираа денеска надлежните од судот, собрани се 240.000 денари кои се уплатени на сметките на Министерството за здравство, со што кумановските судии даваат поддршка во напорите на институциите за справување со состојбата со ковид-19 во земјата.

Претседателката на кумановскиот суд Снежана Манев информираше дека од 23 судии до денеска донирале 17 судии кои доставиле докази за уплата во солидарните фондови од нивната априлска плата.

– Донациите се движат од 20 до 50 проценти од судската плата. Околу 240.000 денари веќе донирале судиите од Основен суд Куманово. Тоа се две третини од судиите, очекуваме дополнителен број на судии и се надевам дека ќе одговорат сите, затоа што ова прашање нам ни е многу важно – изјави претседателката на кумановскиот суд, Манев.

Таа појаснува дека и подружницата на Здружението на судии на Основен суд Куманово, ја поддржала иницијативата на Здружението на судии на Уставниот суд, со времена мерка да се поништи Уредбата со која судиите требаше да бидат сведени на минималец.

– Сметам за потребно да објаснам, без разлика на ставот на јавноста, на која бевме мета изминатиов период дека судиите се солидарни и одговорни за состојбата со која се соочивме поради пандемијата. Мора да потенцирам и да објаснам дека судиите не е дека не се солидарни или не сакаат да донираат, во прашање е принцип, владеење на право, за кое сите се залагаме. Во прашање е законска и уставна одредба, ставот на Венецијанската комисија и препорака дека независноста на судиите произлегува меѓу другото и од економска независност. Затоа, ние одлучивме да ја поддржиме иницијативата, но од друга страна на ниво на здружение се договоривме да донираме, што и го напраивме – изјави Манев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот