Кумановци хуманоста ја покажуваат на дело: 26 лица дарувале крвна плазма

Дваесет и шест кумановци досега донирале конвалесцентна плазма, информираа денеска од Одделот за трансфузиологија при Општата болница во Куманово.

Доктор Дритон Биљали од  Службата за трансфузиологија Куманово вели дека во тој град не се врши дарување, бидејќи нема сепаратор, но пациентите кои прележале и кои ги исполнуваат условите можат да се пријават и доколку ги исполнат потребните услови да даруваат на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје.

– Плазмата се формира после оздравување од Ковид – 19. Во моментов нема вакцина против болеста, така што еден од начините за да им се помогне на пациентите кои во моментов се борат со болеста е конвалесцентна плазма. Методот се покажа како многу ефикасен во борба против САРС и ебола вирусот и сега откако почна пандемијата, почна да се применува истата метода. Во моментов нема друг лек, освен супортивната терапија. Затоа, ги повикувам сите кои ја прележале болеста и кои исполнуваат услови да се пријават, да даруваат и да спасат нечиј живот, вели Биљали.

Тој објаснува дека антителата формирани по инфекцијата со коронавирусот им помагаат на заболените пациенти полесно да се справат со болеста. Процедурата вели, Биљали е едноставна, плазмафереза се прави во Скопје, целата процедура трае од 40 до 60 минути, зема од 300 до 600 милилитри плазма, останатиот дел од крвта се враќа кај донорот. Ова, појаснува се прави во специјален сепаратор и плазмата за кусо време за 24 часа се компензира од страна на организмот.

Конвалесцентна плазма можат да даруваат лица кои ја прележале болеста, да поседуваат документ за тоа, минимум 21 по прележувањето и по немањето на симптомите можат да се пријават.

– Треба да се направи ПСР тест дека се негативни и треба да се направат други анализи, епруветите се земаат кај нас, се праќаат во Скопје. Тука спаѓаат крвната група, лабораторија, биохемиска анализа, липиден статус сите анализи, трансмисивни болести, ХИВ, хепатит Б, хепатит Ц, ХИВ … Пациентот мора да имаат антитела кои се главни за заштита на примателот. Ако ги исполнуваат овие услови, пациентот се вика да дарува плазма, додаде д-р Биљали. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот