Kултната серија „Alo, alo“ се репризира со предупредување за „потенцијално навредлива содржина“: Фановите се налутија

ФОТО: Принтскрин/ Instagram

Корисниците на социјалните мрежи во Британија се налутија кога забележаа дека за време на повторувањето на култната серија „Alo, alo“  пред секоја епизода се појавува предупредување за „потенцијално навредлива содржина“.

Комедијата на Би – Би – Си, која се емитуваше од 1982 до 1992 година, го следеше животот во кафулето на Рене за време на Втората светска војна во окупираната Франција и настаните во неговото кафуле, кое беше омилено кај Германците и параван за движењето на отпорот.

Во серијата се појавија бројни смешни ликови, кои беа исмејувани преку стереотипите за Германците, Французите, Британците и Италијанците.

Покрај бројните стереотипи, имаше и бројни сексуални алузии.

И покрај тоа што серијата се здоби со култен статус и се репризираше неколку пати на, сега британскиот сервис Britbox, кој нуди содржини на BBC и ITV, стави предупредување пред секоја епизода, споредHeadliner“ .

„Оваа комедија ги содржи јазикот и ставовите од тоа време, кои може да бидат навредливи за некои гледачи“, се вели во предупредувањето.

Бројни гледачи веднаш го изразија своето незадоволство на социјалните мрежи, критикувајќи го предупредувањето и потенцирајќи дека тоа е само продолжение на „cancel“ културата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот