На потпретседателката на невладината организација Меѓународен сојуз, Јасна Мандиќ судот и одредил куќен притвор, изјави нејзиниот адвокат Душко Јанковиќ.
Таа беше донесена на распит кај судија на претходна постапка како осомничена во новата истрага за „Рекет“ која беше отворена денеска.
Покрај неа, осомничени во случајот се и Фросина Ременски, потоа асистентката на Јовановски, Кристина Карајованова, а и Миле Јовановски, татко на првоосомничениот Бојан Јовановски.
Обвинителката на ЈО, Вилма Рускоска бараше притвор за Мандиќ, а мерка за претпазливост за останатите осомничени.