Кујната важи за едно од највалканите места во домот

Иако звучи неверојатно, кујната претставува едно од највалканите места во нашиот дом. И покрај тоа што секој од нас очекува дека најголема концентрација на нечистотија во нашиот дом има во тоалетот, на вц-шолјата или пак во кантите за ѓубре, сепак тоа не е така.

Најмногу бактерии има и на оние места каде што најмалку очекуваме, а едно од нив е и кујната.

Имено, кујната важи за едно од највалканите места во куќата, а причина за тоа не е само фактот што таму се подготвува храна, која нечиста ја внесуваме од пазар, туку и затоа што во кујната се наоѓа и кантата за отпадоци.

Мијалникот и сунѓерчето со кое ги миеме садовите се постојан „дом“ на милиони бактерии, поради тоа што истите се постојано влажни, а земајќи го предвид фактот што бактериите најмногу се размножуваат во таква средина, нивното присуство е неизбежно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот