Кучиња кои биле заловени поради каснување, сега се нудат за посвојување

Фото: ЈП „Лајка“

Кучињата кои биле пријавени дека нападнале или каснале минувачи и кои биле заловени од страна на стручните тимови на ЈП „Лајка“, откако им бил спроведен тест за социјализација сега се нудат на посвојување.

– Како дел од секојдневните практики, заловувачките тимови на дневно ниво заловуваат нови единки за хуман третман во прифатилиштето на ЈП „Лајка“. Меѓу пријавите по коишто се постапува, се и оние по каснување на граѓани. По овие пријави до сега се заловени преку 25 бездомни кучиња, кои по заловувачката акција се згрижени во стационарот на ЈП „Лајка“, ги имаат поминато сите ветеринарни процедури, подлежат на хуман третман и на истите им се спроведува тест за социјализација – информираат од ова јавно претпријатие.

 

Според нив, до сега, половина од овие кучиња се веќе успешно вдомени и како што велат живеат среќно згрижени во семејства, што според нив доволно говори дека се подобни за вдомување и можат да бидат одлични миленици.

– Улицата е сурово место за живот на бездомните кучиња, бидејќи во потрага по топол дом, храна и љубов овие животни често се жртви на немилосрдно однесување и малтретирање од страна на граѓаните, кои ги прават агресивни, уплашени и склони да напаѓаат. Во прифатилиштето на ЈП „Лајка“ во моментот се наоѓаат 12 кучиња по каснување, кои не можат да се вратат на локација и активно сме во потрага по нивен дом. Некои од овие кучиња се и повеќе од една година во стационарот без никаков интерес за вдомување – информираат од ЈП „Лајка“ од каде апелираат до сите граѓани кои имаат желба да вдомат куче, да направат како што велат хумано дело и да му подарат топол дом на некое од овие шепасти пријатели, особено пред почетокот на зимските студени денови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот