Кантата за ѓубре за украс ли служи?

Фото: Слободен печат/Анета Стојковска

Колку малку се грижиме за околината во која живееме или за јавните површини каде што секојдневно се движиме, покажува и денешната фотографија од центарот на Скопје.

Во близина на автобуската станица кај Порта Буњаковец покрај булеварот Партизански Одреди по тротоарот исфрлените празни лименки, хартии, пакувања од брза храна сведочеа дека претходната ноќ, токму тука имало „мала забава“, но на присутните очигледно не им пречело да го остават ѓубрето зад себе.

Во непосредна близина има канта за ѓубре и тоа неискршена. Кантата за украс ли служи?

Ова е секојдневна појава наутро на повеќе локации низ градот. Вината веќе вообичаено се бара само во комуналците што ја одржуваат хигиената. Не е лошо секој најпрво да тргне од самиот себе и да се погрижи, пред сѐ, за своето однесување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот