Куче херој спасило бебе кое било живо закопано

Петнаесетгодишна девојка ја криела бременоста од родителите.

Кучето Пинг Понг прво почнало да лае, а потоа и да копа со шепите на една ливада во селото Бан Нонг Кам. Неговиот сопственик Уса Нисаика рекол дека забележал дека ногата на бебето ѕирка од земјата.
Штом го ископале бебето, мештаните го однеле во болница. Таму лекарите го исчистиле, го прегледале и утврдиле дека е здраво.

Инаку кучето херој криви на едната нога бидејќи пред извесен период го удрилo автомобил.
„Го задржав бидејќи е верен и послушен. Секогаш ми помага кога ја носам стоката на пасење. Цело село го сака. Одлично е.“, рекол Нисаика за локалниот весник „Каосод“.

Малолетната мајка е обвинета за напуштање на детето и за обид за убиство.

Локалниот полицаец Пануват Путакам за „Банкок пост“ изјавил дека мајката во моментов е под надзор на родителите и на психолог. Полицаецот тврди дека мајката се кае поради својата постапка.

Нејзините родители одлучиле да се грижат за бебето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот