КУЧЕ-ХЕРОЈ: Бер пронаоѓа живи коали по пожарите во Австралија (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Во Австралија и натаму беснеат пожарите, а државите Нов Јужен Велс и Квинсленд се целосно опустошени.

Покрај луѓето, во пожарите најмногу страдааат и животните, а посебно коалите.

Коалите се најтешко погодени, па разни екипи ги бараат оние кои го преживеале огнот. Во една таква екипа е Бер – куче обучено да пронајде коали.

„Нашето куче Бер им носи надеж на коалите кои ги преживеаја смртоносните пожари во Австралија, но на овие животни им требаат повеќе херои за да се спасат од оваа катастрофа. Бер неодамна е префрлен во Квинсленд и во најтешко погодениот дел на Нов Јужен Велс каде што пожарите значително влијаат на популацијата на коалите. Бер е само едно од неколкуте кучиња кои можат да откријат преживеани коали врз основа на мирисот на крзното“, соопшти Меѓународниот фонд за благосостојба на животните.

Bear, the IFAW koala detection dog, along with his handlers at Detection Dogs for Conservation, joined Queensland Fire…

Publiée par ifaw sur Jeudi 14 novembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот