18 C
Скопје

Куба со план годинава да произведе 100 милиони дози од својата вакцина за коронавирусот

 Куба се надева дека годинава ќе произведе 100 милиони дози од својата вакцина за коронавирус и ќе ја вакцинира целата популација, најави директорот на институтот Финлеј, што управува со два од четирите проекти за вакцини во рамките на клиничките испитувања.

-Имаме капацитет да произведеме 100 милиони дози „Соберане 2″, што е најнапредниот кандидат за кубанската вакцина, изјави Висенте Верес синоќа, додавајќи дека „фазата на производство” е веќе започната.

– И ако се оди како што треба, целото население на Куба ќе биде вакцинирано оваа година.

Во понеделникот, „Собарана 2″ влезе во фаза 2 од испитување врз 900 волонтери. Ако успее,  ќе влезе во „Фаза III” во март, последна пред одобрувањето, со 150.000 волонтери. Институтот Финлеј неодамна потпиша договор со Институтот Пастер во Иран дека земјата учествува и во „Фаза III”.

Прочитајте и...  Бочварски и Сугарески на средба за подобра функционалност на граничните премини

Втората кубанска вакцина „Соберана 1″, која сега е во „фаза 1″, треба да оди во „фаза 2-3″ во февруари и исто така ќе биде тестирана на луѓе кои се опоравуваат од болеста, рече Верес.

– Во феврyари ќе почнеме клиничко испитување на педијатриската популација, така што вакцината може да се примени и на деца, рече тој.

Целта е да се почне општа вакцинација на Кубанците во првата половина на годината. Вакцината ќе биде бесплатна, но не и задолжителна. Исто така, ќе им биде понудена како „опција” на туристите кои го посетуваат островот, рече Верес.

Вкупно се подготвуваат четири кандидати за вакцини: „Соберана 1 и 2″, „Абдала” и „Мамбиса”, сите во фаза на клинички испитувања (фаза I или II). Првите три се даваат со инекција, четвртата е спреј за нос

Прочитајте и...  Доли Партон ја прими вакцината против коронавирусот: Доли доби доза од сопствениот лек

Поврзани вести

Досега евидентирани 18 236 лица преку апликацијата за самопопишување

Слободен печат

Гардијан: Кинеските власти со присилна работа сакале да ја намалат ујгурската популација

Слободен печат

Штипјани измамени преку социјалните мрежи

Слободен печат

СЗО засега е против воведувањето ковид пасоши

Слободен печат

Османи до Захариева: Да ги надминеме предизвиците и да обезбедиме прогрес за нашите граѓани

Слободен печат

Блинкен ѝ го честиташе Националниот празник на Бугарија

Слободен печат

Остави Коментар