Кржаловски: Не верувам дека премиерот Ковачевски ќе постапи реципрочно во Благоевград

кржаловски
Фото: Александар Кржаловски, директор на МЦМС

Забраната за отварање на македонски клуб во Бугарија е спротивна на европските вредности, вели Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка за „Слободен печат“. Воопшто не е во ред тоа што го прави Софија, вели тој, но не е убеден дека и Скопје треба да возврати со забрана.

– Тоа е против основните европски вредности, патем, запишани во член 2 од Договорот за Европската унија, а на кои се повикува т.н. француски предлог, а таа спротивност со европските вредности ја има констатирано и Судот за човекови права во Стразбур во над 10 свои пресуди за конкретни вакви случаи против Бугарија. Е сега, дали и ние тоа да го правиме, е друго прашање. Од една страна, не треба, заради сите причини наведени погоре, а од друга страна, ако членка на ЕУ, Бугарија, тоа го прави и тоа се толерира од самата ЕУ – тогаш има логика да постапиме слично и ние како држава, заради принципот на реципроцитет во меѓународните односи. Ако ништо друго, за да се демонстрира несоодветноста на однесувањето на бугарските власти. Дали тоа ќе се случи со измените на законот за здруженија и фондации, останува да се види – вели Кржаловски за „Слободен печат“.

Тој не верува дека Владата и премиерот Димитар Ковачевски ќе постапат реципрочно во овој случај.

– Лично, не верувам. Впрочем, тоа требаше тоа да го направат уште при дебатите за францускиот предлог оклоу измените на Уставот. Требаше или да се побара и Бугарија да ги внесе внесе Македонците во својот Устав, и тоа прва, за да ни демонстрира како тоа се прави на европски начин, или и ние да го направиме нашиот Устав граѓански, како што е оправдувањето на Бугарија, т.е. да не се спомнува ниедна етничка заедница, како што впрочем и беше пред 2001 година и пред Охридскиот рамковен договор – вели Кржаловски.

Здружението „Никола Вапцаров“ треба да се отвори на 30 октомври, а здруженијата на Македонците во Бугарија најавија дека на отварањето ќе ја поканат македонската влада и премиерот Ковачевски, иако владата досега воопшто не контактирала со нив во врска со клубот „Никола Вапцаров“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот