Крушевскиот градоначалник нема да ја пречека коњаницата поради непочитување на здравствени протоколи

Градоначалникот на Крушево Томе Христоски на Фејсбук објави дека поради непочитување на здравствените протоколи, годинава нема да ја пречекаат коњаницата за Илинден.

-Заради не почитување на здравствените протоколи и меѓусебна заштита од страна на коњаницата, како што се недржење меѓусебна дистанца, нивно групирање и заеднички групен престој, кои го прават во објекти за нивно групно сместување, со не користење на заштитни сретства.

Затоа како Градоначалник на општина Крушево по претходна препорака на здравствената комисија за заразни болести, препораките добиени од страна на медицински лица, оваа година како општина нема да организираме нивни пречек, заради наша здравствена заштита и пред се превентивна заштита на моите сограѓани.

Моите информации говорат дека се работи за ризични групи и преставници на повеќе здруженијата и поединци доброволци кои доаѓаат од повеќе правци кон Крушево, транзитираат низ повеќе општини, градови и населени места.За сите добиени информации ги информирав МВР и Министерството за здравство да преземат соодветни мерки, заради нивна здравствена заштита и заштита на нашите сограѓани, затоа што се работи за лица кои имале контакти со повеќе лица и граѓани низ сите населени места и општини кои се транзит на Крушево, се здравствено не проверени со ПСР тестови, т.е. ризични.
Оваа година мора да се навикнеме и прилагодиме на новата нормалност.

Вирусот ,,Ковид 19″ не препознава дали бил коњаник, патриот, дебел или слаб, колку бил храбар, јак, дали бил од било која верска, национална, или политичка припадност.

Вистински патриотски чин е да се заштитиме себеси, но и другите, не да предизвикуваме дополнителни проблеми и жаришта.

Ги повикувам преставниците на овие здруженија, водачи, доброволци и сл. Да влијаат на нивните членови дополнително да не ја загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните во Крушево, со излегување без заштита, групирање и со дополнителното нивно присуство, со нивниот престој, преку организирање забави по ресторани, кафеани, кафичи и сл.
Ги повикувам Преставниците, водачите, одговорните на коњаницата да се пријават на ,,НКС 10 Дена Крушевска Република”, заради полагање цвеќе достоинствено на паднатите борци според дадените протоколи и укажувања од здравствените власти, стои во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот