Кризата го намали бројот на вработени во индустријата за 5,1 отсто

Фото: Архива

Најголемо намалување на бројот на работници е забележано во секторот преработувачка индустрија со 5,6 отсто.

Бројот на работниците во индустријата во мај годинава, во однос на истиот овој период претходната година забележал намалување од 5,1 отсто, а за периодот јануари – мај годинава во однос на тој период лани има намалување од 4,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во мај 2020 годна, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање од 0,9 отсто, во секторот преработувачка индустрија опаѓање од 5,6 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,4 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за 0,4  отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 6,1 отсто, капитални производи за 2,7 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 8,5 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,1 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот