Кривокапиќ: Во Белград нема да го потпишам договорот со СПЦ

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ
Здравко Кривокапиќ / Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Премиерот Здравко Кривокапиќ денеска најави дека при претстојната прва официјална посета на Белград нема да го потпише Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ), која се уште го разгледува таквиот договор.  

„Подготвен сум да го потпишам договорот штом ќе се исполнат сите предуслови“ вели тој, пренесува Вијести.  

Кривокапиќ на 2-ри и 3-ти ноември ќе престојува во официјална посета на Србија на покана на српската премиерка Ана Брнабиќ. 

По усогласувањето на Основниот договор меѓу СПЦ и Црна Гора, кој требаше да биде потпишан на крајот на мај, Кривокапиќ направи одредени измени во документот, за кои Српската православна црква се уште не се изјаснила.  

Зборувајќи за формирањето на неговата партија, Кривокапиќ во интервју за ТВЦГ не изјави дека тоа ќе го направи, туку само размислувал на тоа.  

„Немам намера сега да навлегувам во тоа. Но, ако се случи некој политички момент, нормално е да размислувам за тоа“, изјави Кривокапиќ пред новинарите во парламентот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот